Знаат ли нешто што не го знаеме ние? Американските милијардери масовно бегаат од земјата, и тоа токму во оваа држава

"Имам два мотори. Многу оружје и муниција. Храна. Мислам дека тоа ќе ми биде сосема доволно на некое време да се затворам дома и да го преживеам крајот на светот".

Така Стив Хафман, ко-основач и шеф на "Reddit", 600 милиони долари вредна веб-платформа, неодамна му се пофалил на Еван Оснос, новинар на "NewYorker", кој истражувал необичен феномен - страв на технолошките тајкуни од апокалипса.

Не е шега, американските милијардери од Силиконската долина сè повеќе се подготвуваат за црно сценарио, посебно откако Трамп дошол на власт. И не се единствени.



Егзодус

Само во првата седмица од доаѓањето на Трамп на власт, 13.400 Американци се пријавиле за државјанство на Нов Зеланд, што е 17 пати повеќе од обично, а само во првите десет месеци минатата година странци таму купиле околу 3.500 квадратни километри земја, што е четири пати повеќе отколку во 2010-тата година, пренесува Business Insider.

Нов Зеланд е хит дестинација и омилен "план б" на богаташите, што го потврдува и случајот на Питер Тил, за кој последните денови пишувале голем број на светски медиуми. Тој ексцентричен претприемач, ко-основач на "PayPal" и "Palantir" и еден од првите инвеститори во Фејсбук, тежок 2,2 милијарди долари, кој станал советник на Трамп - токму таму, покрај езерото Ванака, купил 10 милиони долари вредно парче земја. А додека сите се прашувале како му успеало тоа, и покрај строгите тамошни закони, било откриено дека Тил е државјанин на Нов Зеланд уште пред 5 години.

"Кога некој од колегите ќе ти каже дека бара куќа на Нов Зеланд, јасно е зошто. Само намигнуваме и повеќе не зборуваме за тоа", открил за NewYorker Рид Хофман, ко-основач на "Linkedin", кој исто така има имот на Нов Зеланд.


Хофман проценува дека повеќе од 50 проценти од основачите на компаниите во силиконската долина имаат имоти на Нов Зеланд. Еден од првите е ѝ озлогласениот хакер и сопственик на "MegaUpload", Ким ДотКом, кој на Нов Зеланд побегнал со надеж дека нема да биде предаден на ФБИ поради милионски измами.

Глобалниот бизнис кој се изродил од овој тренд, посебно државјанство за странски богаташи во земји како Нов Зеланд, Малта или Карибите, се проценува на две милијарди долари годишно, а покрај Американците има и руски, кинески и индиски милионери.

Одлуката на Тил посебно се преиспитува бидејќи станува збор за советник на Трамп, кој со одлуките влијае на повеќе од 300 милиони луѓе, а ако стане "тензично", може да исчезне преку ноќ.

Богаташите од Силиконската долина кои биле соговорници на Еван Оснос, се пожалиле дека ситуацијата е поопасна од било кога, и дека Трамп на крајот би можел да се покаже како фашистички диктатор.

И самиот Хафман рекол дека на брзина отишол на лекарска корекција на видот.

"Доколку отиде светот по ѓаволите или дојде до големи немири, да се најдат очила или леќи ќе биде многу тешко", објаснил тој.

Меѓутоа, Тил, Хофман и Хафман не се единствени. Антоа Гарсиа Мартинес, еден од поранешните менаџери на Фејсбук, минатата година, на пример, купил голем имот на еден остров на Пацификот и куќата ја опремил со генератори, соларни панели и голема количина на муниција. Марвин Лиао, еден од поранешните шефови на "Jahoo", признал дека, покрај големите количини на храна и вода, во својот дом има и многу оружје, и дека дури и одел на курсеви по стрелање.

Востание на елитата

Стив Возниак, легендарниот ко-основач на "Apple", веќе долго време има австралиско државјанство, и сопственик е на недвижнини во Сиднеј и на Тасманија.

Неговиот план е таму да ги мине последните години од животот.

"Ќе умрам како Австралиец. Звучи добро", изјавил Возниак и додал дека Австралија му се допаѓа повеќе како земја отколку Америка.

Силиконската долина од првиот ден има проблеми со Трамп. Откако новиот американски претседател ја потпишал забраната за влез на имигранти, повеќето најголеми технолошки компании застанале против таа регулатива. Меѓу нив се и шефовите на "AirBNB", "Google", "Facebook", "Netflix", "Apple" и "Tesla".

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг, четвртиот најбогат човек на планетата, проценет на 55 милијарди долари, рекол дека наместо ѕидови, треба да градиме мостови. Само што, тој и самиот го направил истото што и Трамп. Имено, откако пред две години купил земјиште на хавајскиот остров Кауаи, околу него неодамна кренал - ѕид.

Цукерберг со сопругата, имено, купил три квадратни километри крајбрежно подрачје, а потоа околу него кренал ѕид висок 1,8 метри, за да ја зачува својата приватност. Тоа го направил откако поднел судски тужби против стотина локални жители, наследници на земјата која ја купил, а кои можат да се повикаат на феудални закони од 1850-тата година и би ја побарале земјата назад. Судирот брзо се разгорел, а Цукерберг станал сосед од пеколот. Локалците почнале да организираат протести против него, по што тој ги повлекол сите тужби.

"Погрешивме", објавил на Фејсбук, па одлучил приватно да се состане со локалците и веројатно дополнително да ги исплати.

Па, од што стравуваат најголемите умови од Силиконската долина?

No comments

Powered by Blogger.