Вознемирувачко видео: Страшна смрт на сопственик на ноќен клуб во Москва

Очевидец во близина на московската зграда го снимил моментот кога човекот кој висел на прозорот одненадеж се лизнал и паднал.

Видеото го прикажува ко-сопсвеникот на ноќниот клуб "Soho Room" во Москва, Сергеј Ткаченко, кој ја чистел надворешната страна од прозорот.

На снимката во еден момент се гледа како тој губи рамнотежа, но брзо се враќа во почетната положба, за кратко потоа повторно да се лизне, но овој пат паднал на кровот на супермаркетот под себе, директно во својата смрт.
Толку брзо паѓал што отскокнал од површината на кровот на супермаркетот, а скршениците на неговото тело веднаш биле видливи.

Неговата девојка, Марија Р., која цело време била од внатрешната страна на прозорот од кој Сергеј паднал, веднаш повикала итна помош.

No comments

Powered by Blogger.