Бијонсе очекува близнаци


Славната пејачка Бијонсе објави прекрасна вест со која ги израдува нејзините обожаватели низ светот.

Со една фотографија на социјалните мрежи ги демантираше сите приказни за разводот кои минатата година се провлекуваа низ медиумите.

Бијонсе и Џеј Зи очекуваат близнаци!

На својот профил на Инстаграм, пејачката објави фотографија на која позира полугола со трудничкиот стомак, со зелен вел покриена преку главата, клекната пред цветен свод.

„Сакаме со вас да ја споделеми нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно. Неверојатно сме благодарнаи што нашето семејство ќе биде побогато со двајца членови, и се заблагодаруваме на убавите желби. - Картерови “, пишува покрај прекрасната фотографија.

Планетарно славната двојка веќе ја има ќерката Блу Ајви Картер која неодамна наполни 5 години.

No comments

Powered by Blogger.