Хитлер планирал да ја бомбардира Америка од вселената: „Специјален" авион и ракети за „финалниот" напад


Род Пајл, новинар и историчар, во својата книга ги опишува плановите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер за напад на Њујорк со ракета од вселената.

Пајл објави 10 книги кои што се занимаваат со историски факти и технолошки истражувања од минатото, а во неговата книга "Amazing Stories of The Space Age" го опишува еден од набизарните обиди нацистичка Германија да го нападне американски Њујорк.

„Во книгата детално го опишав германскиот дизајн за ракетен авион од 1943-та година. Идејата била да биде испратен во суборбиталната вселена, а да биде лансиран од стратосферата, за на крај да го бомбардира Њујорк и незабележано да го продолжи својот пат кон јапонските територии на Пацификот и таму да слета. Тоа било импресивен, но непрактичен план“, вели Пајл.

„Исто така постојат многу планови на американската војска да изгради борбени бази на Месечината. Сето тоа се разгледувале во 1950-та година и планот бил базата да стане оперативна до 1965-та година. Се планирало на Месечината да бидат распоредени американски војници со рачно носено нуклеарно оружје за да се заштитат од евентуална советска копнена инвазија на Месечината. Тоа веројатно не би успеало, барем не со тогашните замислени планови. Но, тоа се забавни планови за истражување и за пишување“, додава Пајл.

Во својата книга тој се занимава и со Вернер фон Браун, германски ракетен експерт и еден од конструкторите на проектилот "V1" и "V2" со кои што била бомбардирана Англија, посебно Лондон. Во рамките на тајната операција "Paperclip" (спојувалка), Вернер Фон Браун бил еден од стотината германски научници кои што после падот на Хитлер биле префрлени во САД, добиле државјанство и го оствариле својот „американски сон“.

Вернер Фон Браун имал клучна улога во развојот на американската вселенска програма. Тој го водел развојот на ракетата "Saturn V" со чија што помош мисијата „Аполо 11“ во 1969-та година била лансирана на Месечината, а НАСА на својот интернет сајт го опишува како „најголемиот ракетен научник во историјата“.


Фон Браун немал многу морални дилеми и му било сеедно дали ќе работи за Американците или пак за Советите. Авторот на книгата вели дека денес Американците имаат високо и позитивно мислење за него.

„Бил брилијантен инжинер, роден лидер, харизматичен господар на влијанието и веројатно инзвореден играч на покер. Иако за улогата на Фон Браун во текот на Втората светска војна постојат „сериозни“ факти, ние веројатно никогаш нема да дознаеме се за тоа“, вели Пајл и додава:

„Фон Браун тврдел дека бил присилен да работи за германски „СС“ и единствениот начин да продолжи со работа бил да се приклучи во нацистичката партија. Но, кога пристигнал во НАСА, сите морални проблеми околу него исчезнале: Ја сакал Америка и бил многу успешен. Денес јавното мислење за него е во главно позитивно, со исклучок на научниците кои што длабоко ги истражуваат прашањата околу неговото минато од времето на војната“.

No comments

Powered by Blogger.