Хороскоп: Каква е личноста со која никогаш не би биле во врска?

Хороскопскиот знак има огромно влијание на нашиот карактер, а со самото тоа и каква комбинација сме со другите хороскопски знаци. Овој пат, тој дава одговор каква е личноста со која никогаш не би можеле да бидеме во врска.


Овен – некој кој веднаш го изразува својот интерес за вас, кој ве поставува на пиедестал и кој престанува на „бркањето“ во моментот кога ќе почнете да зборувате.

Бик – личност која ве прави да се чувствувате емоционално несигурни, која е затворена за своите чувства и ве прави да се прашувате и да бидете сомничави за сите нешта во врската.

Близнаци – некој кој е заглавен во рутина и навики, кој е нефлексибилен кон промени и кој постојано би седел дома.

Рак – не можете да поднесете личност која не е блиска со своето семејство и која е затворена за тоа што го чувствува. Вие презирате личност која не покажува никакви емоции.

Лав – никогаш не би можеле да бидете во врска со личност која не сака да е развива и личност која постојано за сите нешта ќе зависи од вас.

Девица – тоа е личност која е на различно интелектуално ниво од вас, која не може да се носи со вашиот начин на размислување и потребата да бидете совршени.

Вага – не можете да поднесете да бидете со личност која е љубоморна кога минувате време со своите пријатели и која не сака да ве дели со другите.

Скорпија – личност која не може да се справи со интензитетот на вашите чувства и некој кој мрази прегратки, бакнување во јавност и држење за рака.

Стрелец – не можете никако да се замислите себеси со негативна личност која нема амбиции и која лесно станува љубоморна.

Јарец – ве вадат од такт луѓе кои многу брзаат во врската и кои не ја почитуваат вашата приватност. Особено не можете да бидете со луѓе кои не знаат што сакаат.

Водолија – личност која ја уништува вашата креативност, која не може да ве охрабри и поддржи кога тоа ви е потребно и која ќе избега од вас во моментот кога ќе ја освоите.

Риби - не можете да се замислите себеси со личност која не може да се справи со емоционалната интимност, која ве нарекува драматични кога реагирате многу интензивно и која не може да направи да се чувствувате сигурно и сакано во врската.

No comments

Powered by Blogger.