Откриена е тајна за Мерилин Монро која таа ја понела со себе во гроб


Доброчуваната тајна се откри дури 55 години по нејзината смрт.

Ненадминливата филмска икона Мерилин Монро со себе во гроб однесе тајна која дури сега излезе на виделина. Станува збор за тоа дека актерката била бремена, но не од нејзиниот сопруг- а тоа го докажуваат овие фотографии чиј сопственик се Daily Mail.

Фотографиите се сликани од нејзината блиска пријателка Фрида Хал, назад во 1960-тата година кога Мерилин има само 34 години. Актерката тогаш беше во брак со писателот Артур Милер, а по аферата со оженетиот француски актер Ив Монтанд, со кој се зближила за време на снимањето на филмот "Ајде да водиме љубов" (Let's Make Love) останала бремена.



Ова е најстарата добро чувана тајна на познатата актерка, а се откри дури 55 години по нејзината смрт. На фотографиите кои протекоа во јавноста ја гледаме Мерилин насмеана и јасно се гледа стомачето.








Фрида овие фотографии ги продала на аукција, а нив ги купил Тони Мајклс. "Таа ми кажа дека на фотографиите Мерилин е бремена и јас и' верувам. Не мислам дека би измислувала ваква работа", изјавил Тони за Daily Mail и потврдил дека славната актерка на крај остана без бебе.



Фрида

"Tаа го изгуби бебето. Никогаш не се разјасни дали имаше спонтан абортус или свесно го направи тоа", открива Мајклс и додаде дека сега е вистинското време јавноста да го дознае ова. Токму поради тоа и приказната сега излезе во медиумите. Но неговата приказна фрла сенка во бракот на Мерилин Монро и Артур Милер кои заедно беа од 1956-та до 1961-ва година. Поради Артур, познатата актерка од христијанка ја промени верата во јудаизам. Според официјалните информации Мерилин била бремена од својот сопруг но го изгубила бебето бидејќи бременоста била ектопична. Но сега се испостави дека детето воопшто не ни било негово. Инаку Мерилин има изгубено три бебиња поради неможност да ги доноси и јавноста знаеше за сите три освен за ова..

Инаку за време на снимањето на филмот Мерилин има рамен стомак, па дури по некое време започнува да и' се познава стомаче.

No comments

Powered by Blogger.