Поглед во луксузните станови на Џони Деп

Во последно време не му оди баш најдобро на актерот Џони Деп, кој се соочува со финансиски проблеми и токму поради тоа го продава имотот во Лос Анџелес, пишува Business Insider.



Џони Деп е човек кој сака да троши многу пари, поточно два милиони долари месечно. Во септември минатата година на продажба ги ставил петте луксузни станови што се наоѓаат во иста зграда во Лос Анџелес. Нивната вредност е 12,7 милиони долари. Досега два се продадени.



Заедно, становите имаат 9 спални соби и 14 бањи, приватен базен и се простираат на 3.500 метри квадратни. Еден од нив Деп го користеше како уметничко студио, а другиот за дружење со пријателите.



Актерот има 14 куќи, 70 гитари и обожува да пие виено, за овој пијалак тој троши по 30.000 долари месечно.









No comments

Powered by Blogger.