Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!


Дупката на највисоката брана во САД, "Оровил" која се наоѓа на 240 километри од Сан Франциско, и понатаму продолжува да се шири.. Властите тврдат дека граѓаните кои живеат во нејзина близина се во голема опасност.

Во вторникот, на еден ипол километар долгиот преливник на браната преку кој се излева вода од вештачкото езеро за време на пораст на нивото на водата, се отвори кратер долг 80 метри, широк 50 метри и 10 метри длабок.


Инженерите се уште не знаат која е причината која ја предизвика оваа огромна дупка на преливникот, но јасно им е дека ќе расте се додека не се спои со речното корито на реката Перо.


Поради високиот раст на водата немаат избор, па одделот за водени ресурси во Калифорнија продолжува да ја испушта водата преку оштетениот преливник.


Локалното население, поточно 16.000 жители на градот Оровил се соочуваат со голема опасност.

Браната е висока 230 метри и е најголемата брана во САД, додека нејзиното вештачко езеро Оровил е едно од најголемите вештачки езера во Калифорнија. Изградена е во далечната 1968-ма година и хидроелектраната "Оровил" има капацитет од 819 мегавати.

No comments

Powered by Blogger.