Расизам во Дубровник: Џејми Фокс го навредиле во ресторан


Џејми Фокс вечерал во еден престижен ресторан во Дубровник кога двајца гостини започнале да го навредуваат на расистичка база. Се било снимено.
Во Дубровник веќе неколку дена престојува славниот холивудски актер Џејми Фокс. Со својата холивудска придружба се шета низ градот, а покрај тоа ги посетува и престижните ресторани во овој град. Токму во еден од нив вчера Џејми седнал да вечера, но набрзо се покаал. Уживањето во врвната гастрономија го нарушиле двајца посетители на ресторанот кои започнале да го навредуваат. Дошле до неговата маса и го навредувале на расистичка база.

Персоналот веднаш ги избркал овие некултурни гости..


За инцидентот проговорил и самиот Фокс на инстаграм story. Објавил две видеа во кои што зборува за расистичките забелешки на двајцата гости. Судејќи според видеото, персоналот на ресторанот брзо реагирале и ги испратиле овие некултурни гости па така го спречиле од понатамошни непријатности овој популарен актер. 


Но оваа случка апсолутно не влијаела врз расположението на Џејми па тој продолжил со својата придружба да ужива во вечерата.

No comments

Powered by Blogger.