Регионот го потресе текстот од германскиот новинар: Еве зошто Балканот е најкревкото место во Европа!

Германскиот новинар Улрих Ладурнер во својата колумна во неделникот "Die Zeit" го разбранува регионот, но и европската јавност. На самиот почеток на текстот "Балканот е најкревкото место во Европа" се навраќа во 1878 година кога беше одржана Берлинската конференција, што резултираше со анексијата на Босна и Херцеговина од Австро-Унгарската монархија.

Тој се потсетува на првите зборови на тогашниот германски канцелар Ото фон Бизмарк кој изјавил дека Балканот му е важен колку и "здрава коска од Гренадиер" односно - тотално незначаен.



Меѓутоа, Ладурнер смета дека Балканот би требало под итно да се најде на агендата на ЕУ и тоа на самиот врв. Тој истакнува дека влијанието на Русија и Турција се зајакнува во земјите од Западен Балкан и дека се погласно се зборува за војна, која веќе еднаш го имаше целосно опустошено овој дел од светот. Во тој поглед ЕУ би требала конечно овој дел од континентот да го земе под своја рака.

На прашањето дали верува дека би можело да дојде до нова војна на Балканот, Ладурнер одговорил негативно.

"Не верувам дека ќе има уште една војна, но гледаме дека токму за тоа се зборува и дека националистичките сили стануваат се погласни и појаки во одредени делови на Балканот. Луѓето се едноставно уморни па се вртат на друга страна", вели Ладурнер.



Друга страна се Русија и Турција. Тој вели дека поради инертноста на Европа, луѓето кои живеат на Балканот се помалку веруваат во идејата за ЕУ и дека токму поради тоа се зголемува и засилува влијанието на странски сили.

"Под странски сили мислам на Русија и Турција. Ова влијание може да биде опасно, но не во смисла дека ќе има војна. Европа мора подобро, појасно и погласно да делува и да го утврди Балканот како европски, бидејќи тој припаѓа на централниот дел на континентот", нагласува овој почитуван новинар.

"Европските политичари мораат да обрнат повеќе внимание на луѓето кои живеат тука, а не на корумпираните политички елити кои не го ни заслужуваат тоа" продолжи Ладурнер.



На прашањето што можат да направат граѓаните на балканските држави за да се доближат до ЕУ, со оглед на тоа дека овој процес оди малку побавно во БиХ, Србија и Македонија, Ладурнер одговара "Не сум јас тој кој треба да ви дели лекции што да направите. Главниот проблем се вашите политички елити и тоа само вие самите можете да го промените", заклучи Ладурнер.

No comments

Powered by Blogger.