Близнаци астронаути не се исти по година дена во вселената


Со истражувањето на близнаците Kelly, NASA сака да открие сè што може околу влијанието на микрогравитацијата на човековото тело, кое е од голема помош во борбата против последиците од долготрајните патувања на Марс.

Научниците од NASA откриле дека патувањето во вселената може драстично да ја промени биологијата на човекот и експресијата на гените. Ова истражување сè уште не е објавено, но првите резултати покажуваат значајни разлики помеѓу браќата Scott и Mark Kelly.



Scott Kelly отпатувал на годишна мисија на ISS, а неговиот брат Mark останал на Земјата. Двајцата браќа биле дел од големиот експеримент во кој се проучувале физичките и генетските разлики, со цел да се открие на кој начин микрогравитацијата влијаела на телото на Scott.

Иако браќата се идентични близнаци, нивните примероци покажуваат како со текот на времето нивните тела се промениле, дури и во генетскиот израз. Скоро сите ја воочиле разликата помеѓу браќата, изјавил генетичарот Christopher Mason. По враќањето на Scott на Земјата, истражувачите откриваат дека теломерите – заштитните структури на краевите на хромозомите се многу подолги кај Scott, за разлика од неговиот брат Mark. Освен тоа, се појавиле и модификации во ДНК структурата, но сè уште не е јасно зошто.

NASA со оваа студија сака да открие сè што е во нејзин домен околу влијанието на микрогравитацијата, посебно во контекст на планираниот пат на Марс. Овие откритија се од голема помош во борбата со последиците од долгите патувања, сè со цел таквите мисии да остават помали последици на телата на астронаутите.

No comments

Powered by Blogger.