Оливер Стоун до Трамп: Објави ги тајните документи за судирите во Украина, Американците живеат во лаги!

Реномираниот режисер Оливер Стоун, го повикал претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги објави тајните документи за украинскиот конфликт.

Стоун во интервјуто за руската телевизија Прв Канал, рекол дека граѓаните на САД не се запознаени со реалната ситуација во Украина.

"Доколку сум јас Трамп, би ги објавил сите информации за Украина. Би ги објавил и за Сирија, но пред тоа за Украина, со оглед на тоа дека од таму започна новата Студена војна", рекол тој.

Стоун исто така ги нарекол бајки тврдењата на американскиот естаблишмент дека Русија го окупирала Крим, дека учествува во конфликтот во Донбас, и дека воопшто е закана за Украина. Тој вели дека зад сите важни случувања во светот стои ЦИА, меѓу кои и Украина.

"Тоа е лудница, на Америка ѝ е потребен непријател, и тоа не само еден. Јас мислам дека американската сила се базира на непријателите, бидејќи тие носат пари", заклучил Стоун.

No comments

Powered by Blogger.