Заев: Владата ќе се формира на почетокот на март, потписите се обезбедени



Потписите за мандатот се веќе обезбедени и дека Македонија во првата половина на месец март ќе добие нова влада предводена од СДСМ, изјави денеска Зоран Заев од Сараево каде е на работна посета, а воедно ќе ја прими наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

Заев потенцираше дека идната владина програма, платформата на СДСМ и платформата на албанските политички партии, законот за употребата на јазиците се усогласени, и останува да се договорат персоналните решенија за тоа која партија кои ресори ќе ги води во новата влада.

No comments

Powered by Blogger.