Генијалната порака на сметката од еден ресторан е хит на социјалните мрежи


Овој готвач напишал интересна порака на сметките кои ги издава во својот ресторан која стана хит на интернет.

Готвачот Марк Симонс на сметките во својот ресторан во Њујорк додал порака која се однесува на имиграционата политика на Доналд Трамп и која во последните неколку денови стана вистински хит на социјалните мрежи.

„Имигрантите ја прават Америка голема (тие исто така ви ја зготвија и ви ја послужија храната која ја јадете)“, пишува на сметката која на Твитер ја објави новинарката Мери Емили О`Хара.

Симонс се доселил во Соединетите Американски Држави од Нов Зеланд, а во неговиот ресторан работат луѓе од пет различни земји. „Ја додадов пораката на дното на сметката за да ги потсетам гостите дека токму имигрантите се луѓето од кои зависи угостителството“, рекол Марк Симонс за DNAinfo.

No comments

Powered by Blogger.