Холивудската актерка открила: Само Том Круз може да стави крај на ова


"Единствено тој може да ја уништи скиентологијата, и токму затоа толку се обидуваат околу него, го претвораат во божество", рекла актерката
Холивудската актерка Лија Ремини, која се прославила со улогата во серијата "Кралот на Квинс", со години била членка на скиентолошката црква. Сега, откако, како што вели самата, ја напуштила црквата, ја користи секоја шанса јавно да го демаскира учењето на оваа религиска група.



Едно од бизарните учења на скиентолозите е дека актерот Том Круз го сметаат за избран да го спаси човештвото од зло, открила актерката.


"Толку долго живеев во изолација, што по неколку години сфатив дека мозокот ми е испран. Додека бев во сектата, секојдневно ме тераат по два часа да ги учам религиските списи. А инаку, сите мора да се однесуваат така. Освен Круз, тој е избран. Тој со своето постоење ја "чисти и спасува планетата " од зло. Така не учеа таму", рекла актерката.


"Единствено тој може да ја уништи скиентологијата, и токму затоа толку се обидуваат околу него, го претвораат во божество", заклучила таа.

No comments

Powered by Blogger.