Чудесна природа: Река во Јапонија исфрла мраз кој личи на дијаманти


Секоја година, кога во Јапонија се замрзнува устието на реката Токачи, ледениот океан на брегот исфрла големи парчиња мраз, кои изгледаат како џиновски дијаманти.

Познат како речниот мраз Токачи и "ледениот бесценет камен", овој феномен се случува само на најсеверниот и голем јапонски остров Хокаидо.
"Никогаш не сум слушнал за ваков вид на мраз и никогаш не сум видел вакво нешто", вели Питер Ведхемс, океанолог од Универзитетот Кембриџ.

Тој наведува дека мразот е проѕирен и дека во него нема сол. Иако ваквиот речен мраз се појавува само на ова место во Јапонија, тој е сличен на мразот на глечерите во Алјаска.

Кога еден фотограф во 2015-тата година објавил снимки од "ледениот бесценет камен", локалните жители секој јануари го посетуваат устието на реката Токачи, за да присуствуваат на овој спектакл и да споделуваат фотографии на социјалните мрежи.




No comments

Powered by Blogger.