Со помош на (не)пријателот: Овој специјалец е единствениот преживеан во најкрвавиот ден во историјата на американските „Фоки“


Тоа била најсмртоносната мисија во историјата на американските морнарички „Фоки“ во која што само еден специјалец преживеал - и само затоа што му помогнал странец, кој што всушност бил негов непријател.

Маркуст Лутрел е роден на 7-ми ноември 1975-та година во Хјустон. Тој од мал сакал да стане специјалец и член на „Фоките“ - најелитната специјална единица при војската на САД. За среќа, неговиот сосед бил ветеран, па со тренинзите започнал на 14 години, а откако дипломирал, тој тргнал кон остварување на својот сон.

Во март 1999-та година тој се приклучил на морнарицата, а набрзо потоа, откако ги минал 24-неделните дополнителни интензивни тренинзи, станал дел од единицата за подводно демолирање при „Фоките“. Откако успешно го завршил финалниот тест, Лутрел започнал со дополнителни степени на обука, а во 2003-та година бил испратен во Ирак во рамките на „Тимот 5“ на американските „Фоки“.

Неговата задача, односно задачата на неговиот тим била едноставна - лов на терористи и високо рангирани функционери од режимот на Садам Хусеин. Две години подоцна, тој бил прекомандуван во „Тимот 10“ и бил префрлен во Авганистан.



Кога пристигнал во Авганистан, бил избран да учествува во операцијата „Црвени крилја“, односно учествувал во битката за Абас Гар во суровите авганистански планини. Целта била елиминација на таканаречената Анти-коалициска борбена група која што се борела против преодната влада составена од САД.

Со оглед на тоа што властите од Вашингтон имале намера да бидат одржани избори за кои што се противеле од Анти-коалициската борена група, акцијата била сосема логичен потег. Мета на тимот на Лутрел бил лидерот на локалните борци - Ахмед Шах Дара, попознат како Мохамед Исмаил.

„Фоките“ успешно ги лоцирале луѓето на Исмаил, меѓутоа направиле пропуст, односно не сфатиле дека влегуваат во опасна замка. Четири маринци, меѓу кои што бил и Лутрел, биле префрлени на локацијата во текот на ноќта. Следниот ден ја надгледувале областа и налетале на стадо со кози и нивните сопственици. Лутрел наводно бил тој кој што ги убедил останатите да ги пуштат пастирите.

Тоа било круцијалната грешка. За само еден час, над 200 борци ги нападнале четирите маринци. Со оглед на тоа што не можеле да ја контактираат базата, за кратко време после интензивните борби останале без муниција, а на крајот Лутрел останал единствениот преживеан.


Одлучен да се бори до самиот крај, тој откако го испразнил шаржерот, се онесвестил и паднал во река. Кога се пробудил покрај брегот на реката, над него стоел Мохамед Гулаб Кан кој му понудил помош. Иако Авганистанецот не знаел ниту збор англиски јазик, двајцата некако успеале да се разберат.

Додека Лутрел бил во несвест, американската команда испратила хеликоптер да ги извлече маринците, меѓутоа луѓето на Исмаил го собориле хеликоптерот, па бројот на американските жртви во тој момент се искачил на 19 и акцијата доживеала тотално фијаско.

За среќа на Лутрел, Гулаб Кан не го предал, туку го одвел во селото во близина кај еден од племенските лидери. Талибанците за кратко време разбрале за „американскиот гостин“ во селото, па започнале да вршат притисоци за негово предавање. Иако му се заканувале, му нуделе пари и тврделе дека ќе го убијат неговото семејство, Гулаб не попуштил поради заветот „Паштунвали“, односно светиот древен кодекс на неговото племе за почитување на гостинот, без оглед на се.

Гулаб успеал да го спаси американскиот специјалец, а поради тоа подоцна биле убиени два члена на неговото семејство кои што биле убиени од Талибанците. Гулаб и Лутрел и ден денес се големи пријатели - Авганистанецот добил азил и живее во САД, додека „Фоката“ е автор на бестселери.

No comments

Powered by Blogger.