Историјата се пишува во март: Путин и Ердоган наскоро се состануваат во Москва, во план важни преговори


Двајцата лидери се состанале во октомври 2016-тата година во Истанбул, каде разговарале за обнова на трговијата, гасоводот Турски тек и соработката во Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ќе се состане со својот руски колега Владимир Путин во Москва на 9-ти и 10-ти март, соопштил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

"Потврдувам. Преговорите помеѓу Путин и Ердоган се планирани", им рекол на новинарите.


Објавите за овој состанок се појавиле во турските медиуми. Турскиот лидер ќе учествува на советот Турција-Русија, кој се однесува на соработката на овие две земји.

Двајцата лидери се состанале во октомври 2016-тата година во Истанбул, каде разговарале за обнова на трговијата, гасоводот Турски тек и соработката во Сирија.


Односите на овие две земји во последно време се подобри, откако во ноември 2015-тата година биле драстично лоши поради соборувањето на рускиот воен авион во Сирија, кој го урнала турската авијација, пренесува RT. Русија тогаш вовела економски санкции за Турција како одговор на овој инцидент.

Ердоган подоцна пратил извинување до Путин, велејќи дека Русија е "пријател и стратешки партнер" на Анкара.


Во февруари оваа година, во руските воздушни удари биле убиени тројца турски војници, а ранети 11 на северот на Сирија. Путин веднаш се извинил за овој инцидент.

Во декември минатата година рускиот амбасадор Андреј Карлов бил убиен во Анкара, каде држел говор на изложба. Ердоган го осудил нападот и повикал на започнување на истрага.

No comments

Powered by Blogger.