Ова се фотографиите кои ја одбележаа минатата година

Девојка става кармин на протестите од Шарена Револуција, фотографијата стана хит во светот

Фотографијата е составен дел од новинарството, а често со право се вели дека фотографијата кажува повеќе од 1000 зборови.

Новинарството често бара храброст. Понекогаш таа храброст се манифестира во спротивставувањето на политичките или корпоративни интереси, а понекогаш се прикажува во присебноста под дожд од куршуми. Така, турскиот фотограф Бурхан Озбиличи храбро го фотографирал моментот кога турскиот полицаец Мевлут Мерт Алтинтас го убил рускиот амбасадор Андреј Карлов на уметничката изложба во Анкара.



Прст во воздух, оружје во раката и лут поглед: фотографијата на убиецот на рускиот амбасадор во Турција ја освои првата награда на најпрестижното натпреварување за новинарска фотографија, објавија во понеделник организаторите на World Press Photo, пренесува Хина.

Во продолжение погледнете ги некои од останатите наградени фотографии и приказните кои стојат зад нив.

Батон Руж



Фоторепортерот на Ројтерс, Џонатан Бакман, го снимил моментот во кој млада црнкиња и` дава пасивен, мирен отпор на полицијата за време на протестот во градот Ботон Руж во Луизијана, САД. Станува збор за протест на движењето "Black lives matter", по уште еден бран на убиства во кој полицајци без вистинска причина убивале црни Американци.

Последното збогување



Дошол редот и на Кастро. Поранешниот кубански диктатор и револуционер Фидел Алехандро Кастро Руз почина на 26 ноември минатата година.

„Нè убиваат како ѕверови“



Новиот филипински претседател Родриго Дутерте најавил остра борба против дрогата, а одлучил таа политика да ја спроведе на дело веднаш штом ја превзел власта. Во крвавата кампања, илјадници луѓе ги загубија своите животи, а како што велат хуманитарните организации, најлошите последици ги чувствуваат најсиромашните.

Молњата од Јамајка



На последните Олимписки игри во Бразил, Усаин Болт само го зацврсти своето место на самиот врв на светскиот спринт.

Мосул – крваво бојно поле



Последното упориште на Исламската држава во Ирак е милионскиот град Мосул. Свесни дека им се ближи конечниот пораз, суровите џихадисти грчевито се борат за секој метар земја, за секоја куќа и улица. А, цената како и секогаш, ја плаќаат цивилите.

Лов на ретки животни



Трговијата со ретки животни, убивање носорози и слонови поради нивните коски, убивање тигри поради нивната кожа... ваквиот лов има безброј форми и безброј начини за уништување на животинските видови.

Загадување



Луѓето и животните речиси еднакво страдаат поради сè поголемото загадување. Животните се гушат во тони ѓубре во светските мориња, а луѓето буквално се гушат од загадениот воздух.

Украина



Поминаа повеќе од две години откако Украина со протести го отстрани Виктор Јанукович од власт. Меѓутоа, мирот сè уште не е вратен во источниот дел од земјата во Источна Европа.

No comments

Powered by Blogger.