mk
Големата суша откри прекрасно здание после половина век: Од езерото „никна“ древна црква
Дрон ја снимил потопената црква кај браната Бенито Хуарез во Хуапа Дел Маркез во Мексико и целото здание ги воодушеви сите.
Станува збор за доминикански храм од 16-ти век. Откако браната била изградена во 1964-та година, оваа црква била потопена, а сега се појави на површината поради големата суша која што го зафати Мексико.
Инаку и во минатите години кога истиот регион бил погоден од суша се покажувале одредени делови од црквата, но оваа година сушата е толку голема, така што на површината излезе буквално целата црква.
No comments