Оваа девојка го освои светот со нејзиниот тен и продорните очи!


Не им требаше долго на корисниците на социјалните мрежи и Интернетот да се заљубат во неа!

Поинаквото е убаво, диверзитетот е убав – овие зборови, денес мотивираат сè повеќе модели да се појавуваат на модната сцена, прифаќајки ја својата нестандардна убавина. Еден од овие примери е и Лола Чуил, афрички американски модел кој стана познат како следбеничката на Наоми Кембел.



Таа се нарекува себеси “Црната Хана Монтана”, а нејзините обожаватели ја знаат и како “Црната Барбика”. Нејзиниот тен и продорните сини очи се доказ дека не постои стандардна дефиниција за убавина!



16-годишната Лола живее во Лос Анџелес, а славата ја стекна преку социјалните мрежи. Таа, денес има над 350 илјади следбеници на Инстаграм, кои секојдневно ги инспирира да бидат посамоуверени и да се сакаат себеси. Таа, на една од фотографиите напиша:



“Потрошив многу време, грижејќи се за тоа како мојата коса или шминка изгледа. Сето тоа допринесе да се оддалечам од себеси и од тоа што навистина сум. Затоа, бидете убави, останете паметни и сакајте се себеси!”


No comments

Powered by Blogger.