Немирната ќерка на Кенеди која ја обожуваше британското благородништво


Кетлин Кик Кенеди беше тврдоглава девојка и омилената сетра на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Поради својата интелигенција и дружељубивоста високите британски кругови и' се восхитуваа, меѓу кои таа си најде дури две сродни души.
Кетлин Агнес Кенеди е родена на 20-ти февруари, 1920-та година во Бруклин, во сојузната американска држава Масачусетс, како четврто дете во богато семејство со високи политички аспирации. Нејзиниот татко Јосиф бил успешен претприемач кој со својата сопруга Роуз децата ги воспитувале за "големи работи", а посебно ја сакал својата Кетлин. 

Кетлин Кик Кенеди била тврдоглава девојка и омилената сестра на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Од рана возраст таа била неконтролирано мало девојче кое имало јасна претстава што сака од животот. Токму поради тоа го добила надимакот Кик (анг. клоца, удира). Во психолошка смисла најмногу заеднички интереси имала со брат и' Џон, идниот претседател на САД, па не е ни чудно што токму со него била најблиска. 


Миленичка во британското високо друштво

Таа се воодушевила кога Франклин Д. Рузвелт го назначил нејзиниот татко за американски амбасадор во Велика Британија. 

Европската територија за неа не претпоставувала ништо ново. Благодарение на дарежливоста на својот татко и големиот џепарлак таа го прошетала Париз, уживала во Венеција, скијала во Гштад и го посетила и Ватикан. Се заљубила во Лондон и високите кругови, а во колеџот Queen's ги запознала највлијателните луѓе од тоа време. 

Во биографијата ""Kick Kennedy: The Charmed Life and Tragic Death of the Favourite Kennedy Daughter", Барбара Леаминг истакнува дека Кик воопшто не се однесувала срамежливо, знаела да се смее на своја сметка, ги истакнувала своите грешки и физички мани што била непозната карактеристика меѓу англиските девојки. 

Иако таа не била убавица, станала најпопуларната дебитантка во британското друштво во 1938-мата година бидејќи имала свој став, без срам зборувала за политичките случувања, а на располагање имала и голем мираз. Но поради почетокот на Втора светска војна, година дена подоцна била присилена да се врати дома. 


Мамец за Британското благородништво

Кик студирала на женскиот факултет "Finch" во Њујорк, па потоа и на "Commercial College" во Флорида, а едно време пишувала колумни за "Did You Happen to See" за Вашингтон Тајмс во кои вршела рецензии за театарски претстави и филмови. 

Волонтирала и во Црвениот Крст и благодарение на нејзината добротворна работа во 1943-та година повторно се вратила во Лондон. Тука започнала романтична врска со Вилијам Кеведиш, маркиз од Харингтон и директен наследник на 10-тата војвода од Девоншир. 

Нејзината мајка остро се противела на односот помеѓу добрата католичка девојка и Англичанецот но Кетлин не сакала да ја послуша. На својот маркиз му го кажала судбоносното "ДА" на 6-ти мај 1944-та година. Од целиот клан Кенеди на свадбата бил присутен само нејзиниот најстар брат, Џозеф Јуниор. Со Вилијам поминала пет прекрасни недели пред тој да замине во војна. Кратко по ова на белгиското бојно поле бил убиен со куршум од снајпер па Кетлин останала вдовица по само четири месеци брак. 


Втора среќа и трагичен крај

Кетлин била многу популарна во високите британски кругови и многу почитувана поради својата интелигенција и однесување. Со текот на времето неа ја забележал и Питер Вентворт, 8-ми Ерл од Фитцвилијам кој бил во процес на развд од сопругата Олива Планкет. 

Љубовта која се разгорела помеѓу грофот и Кетлин ја разбеснила Роуз Кенеди која и' забранила на својата ќерка да се гледа со него. Таа отишла до таму што и' се заканила дека дека семејството ќе се откаже од неа ако таа реши да се омажи со него. Свадбените планови се прекинале засекогаш на 13-ти мај 1948-та година кога двојката одлучила да отпатуваат од Париз на одмор во Кан. 

Иако времето било ветровито, грофот не сакал да ги менува плановите. Еден час откако полетале изгубен е секој контакт со нивниот приватен авион. 


Подоцна било откриено дека турбуленциите предизвикале принудно слетување при што загинале сите четири патници и членови на екипажот. На погребот се појавил само нејзиниот татко, додека мајката одбила да се збогува со ќерка си за последен пат. 

Роберт Ф. Кенеди Јуниор во нејзина чест ја именувал својата најстара ќерка Кетлин, која исто така го носи надимакот Кик.

No comments

Powered by Blogger.