Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера



Камерата од еден автомобил го снимила моментот на трагичниот пад на авионот во Австралија, при што загинале сите 4 патници и пилотот.

AFP пренесува дека по падот имало црн чад над трговскиот центар каде што паднал авионот. Несреќата се случила во близина на аеродромот во Есендон, во предградието на Мелбурн.

Службениците навеле дека леталото тргнало на чартер лет од Есендон кон островот Кинг.



Сведоци изјавиле дека авионот експлодирал при падот.

"Во авионот имало пет лица и изгледа никој не преживеал", изјавил портпаролот на полицијата во државата Викторија, Стивен Лејн.

Туристите тргнале на голф излет, а пилотот пријавил "катастрофална грешка на моторот" непосредно пред несреќата.

No comments

Powered by Blogger.