Жена се обидела да се самоубие, а нејзиниот сопруг ја фатил за косата и ја спасил во последен момент!


Во драматичната снимка, жена од Кина се обидела да изврши самоубиство скокнувајќи од висока зграда, но нејзиниот сопруг успеал да ја фати за коњското опавче и да ја спаси со помош на полицајците кои веднаш дошле на местото на настанот.

Обидот за самоубиство се случил во провинцијата Сечуан, а се верува дека жената Канг имала семејни проблеми и кавга со сопругот Ли, со кој живеела во поткровјето на зградата.


Канг била многу вознемирена и бесна кога пристигнале полициските службеници. Не сакала да ѝ се приближат, а на сопругот постојано му повторувала да ја пушти.

Шест локални полицајци му помогнале на Ли да ја извлечат Канг на безбедно, зграпчувајќи го и него за ременот за да не падне заедно со сопругата, пишува "Daily Mail".


Еден од полицајците подоцна објаснил дека жената била спасена благодарение на одводна цевка широка 30 сантиметри, на која бил потпрен дел од нејзиното тело откако скокнала. „Мажот не можел да ја спаси само со тоа што ја зграпчил за косата, така што во спасувањето помогнала и цевката“, навел полицаецот.

No comments

Powered by Blogger.