Дете заробено во тело на старец: Децата го малтретираат, а тој има само една желба

Пишува: Toчка
Седумгодишниот Мохамед е роден во Сирија со тешка генетска болест, поради која изгледа како стар човек. Поради тоа има проблеми. Децата го прозиваат и избегнуваат, а каде и да се појави привлекува погледи.

"Сакам да бидам убав како останатите деца и да одам во училиште", рекол Мохамед и низ солзи додал дека другите деца не го оставаат на мир. Откако приказната за него излегла во јавноста, се појавил и Хусеин Манавер, идниот прв муслимански астронаут од Британија, кој посакал на било кој начин да му помогне на малиот Мохамед.

"Кога го видов посакав да му бидам близок, да му бидам пријател на некој начин. Посакав да му кажам колку е посебен", вели Хусеин.



"Приказната на Мохамед не е само приказна за дете заробено во тело на старец, туку и приказна за имигрантите. Неговото семејство побегнало од Сирија во Турција, тие немаат пасоши и поради тоа не можат да се лечат ниту да дознаат од што конкретно боледува Мохамед. Ги исфрлиле од станот бидејќи немале пари за кирија. Одвај помогнавме", додава тој.

Хусеин со помош на невладини организации започнал акција за собирање на пари за Мохамед и неговото многучлено семејство. Им пронашле нов дом, но тука, како што велат, битката за помош на семејството нема да сопре.

Погледнете како изгледа Мохамед:

No comments

Powered by Blogger.