Тука моментално "врие" можеби најопасната глобална криза


Кинеските службеници денес ги предупредиле САД дека ја загрозуваат регионалната стабилност во источна Азија, ден откако американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, изјавил дека посветеноста на САД во заштитата на безбедноста на Јапонија се однесува и на спорните острови во Јужното кинеско море.

Шефот на кинеската дипломатија, Лу Канг, ги повикал САД да избегнуваат дискусии по тоа прашање, наведувајќи дека Кина има суверенитет над групата ситни ненаселени острови.

Договорот меѓу САД и Јапонија од 1960. година е производ на Студената војна, кој не смее го загрози територијалниот суверенитет и легитимните права на Кина, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.


"Апелираме до американската страна, да заземе одговорен став, да престане да изнесува погрешни забелешки за суверенитетот над островите, да не ја компликува ситуацијата и да не предизвикува нестабилност во регионот", рекол Лу.

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, во текот на првата официјална посета на Азија, рекол дека САД остануваат посветени на зачувување на безбедноста на Јужна Кореја и Јапонија.

"Доколку тие острови се во меѓународни води, а не дел од Кина, тогаш ќе се обидуваме да ја браниме меѓународната територија од преземање на една држава", навел портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.



Тој најавил уште поголем американски ангажман во Јужното кинеско море, додека Кина продолжува да прави вештачки острови.

Кина и нејзините соседи не се согласни по прашањето за морските граници и зоната на одговорност над истите.

No comments

Powered by Blogger.