Кој е судијата кој што го сопре Трамп? Конзервативец кој го именувал Буш, а сите го паметат по една работа...

Судијата од Сиетл кого американскиот претседател Доналд Трамп го нападна преку Твитер откако ја блокираше неговата наредба за имигрантите, познат е по своите конзервативни правни ставови.

Сепак, тој најпознат е по тоа што им помага на загрозените деца, а самиот посвоил шест деца. Покрај тоа, тој јавно извикал „И животите на црнците се важни“ за време на сослушувањето за реформите во полицијата во 2015-та година.

Судијата Џејмс Л. Робарт е прогласен за член на Врховниот суд со одлука на претседателот Џорџ Буш во 2004-та година. Овој 69-годишен судија се најде во центарот на вниманието откако минатиот петок го стави надвор од сила указот на Доналд Трамп за забрана на патувањето во САД на граѓаните на седум муслимански земји.

Сојузната држава Вашингтон подигна тужба против тој указ тврдејќи дека истиот е противуставен, а судијата Робарт пресуди дека државата е во право. Таа судска одлука очигледно не му се допадна на Доналд Трамп.



„Мислењето на таканаречениот судија, кое што практично ѝ го одзема правото на нашата земја за спроведување на законите, е смешна и ќе биде прогласена за неважечка“, порача Доналд Трамп на Твитер.

Тврдокорниот судија со меко срце


Робарт е високо ценет судија кој што бил остар во спроведувањето на кривичното право, посебно кога станувало збор за случаеви на богати и привилегирани осудени лица, а исто така ги надгледувал и реформите во полицијата во Сиетл кога било одлучено дека полицијата пребрзо одлучува да примени сила, посебно во ситуации со ниско ниво на опасност.

Робарт го водел сослушувањето во тој случај летото 2015-та година кога во САД се чувствуваше напнатоста поради полициското насилство. Тој ја изненади целата јавност кога на некој начин застана на страната на демонстрантите.



„Според статистиките на ФБИ, жртви во пукотници на полицијата во 41% од случаевите се црномурестите Американци и покрај тоа што сочинуваат само 20% од населението во тие градови. 41% од жртвите, 20% од населението. И животите на црнците се важни“, порача судијата Робарт.

Пред да стане судија, тој донирал пари во Републиканската партија и кандидатите на партијата, но на должност бил избран од независна група.

Тој помагал во адвокатски фирми во обезбедувањето на бесплатни правни услуги на тие кои што не можеле да си ги дозволат и бил претседател на организацијата Seattle Children’s Home која што нуди помош за ментално здравје и посебно образование за „ризичните“ деца.

No comments

Powered by Blogger.