Меланија за прв пат во јавност после цели две недели: Зошто сите ја гледале чудно?


Дали е возможно за некогаш обувките да имаат толку големо влијание врз целокупниот изглед?

Две полни недели Меланија Трамп воопшто не се појави во јавност. Првата дама на САД за последен пат јавно се појави на 21-ви јануари, и тоа на молитвата после инаугурацијата во Националната катедрала во Вашингтон.

“Каде исчезна Меланија Трамп?”, се запрашаа американските медиуми.

Иако првата дама и самата најави дека има намера да остане во Њујорк сè додека нејзиниот син Барон не ја заврши училишната година, таа не беше воопшто забележана ниту во Големото јаболко.



Сепак, Доналд Трамп денес одлета во одморалиштето Мар-а-Лаго како би се сретнал со неа, а средбата секако ја забележаа и фото-репортерите.





Меланија во оваа пригода се појавила во кус црвен фустан со долги отворени ракави. А нејзиниот моќен изглед овојпат беше проследен и со не толку моќни обувки.





А она што е поприлично чудна вест е тоа што Меланија овојпат облекла – балетанки.

Всушност, досега беше речиси невозможно таа да биде забележана во рамни чевли бидејќи сите се добро запознаени со фактот дека таа просто ги обожува високите потпетици.

Освен дружењата за време на кусите одмори, Меланија очигледно засега нема намера за постојано да биде во друштво на својот сопруг.







“Првата дама сака да им се заблагодари на сите за прекрасното добредојде во Вашингтон. Таа се враќа во Њујорк поради училишните обврски на Барон, па идната недела половина од времето ќе биде во Вашингтон, а половина во Њујорк”, изјави нејзината портпаролка уште на 21-ви јануари.



No comments

Powered by Blogger.