"Мачета на смртта" - Американците тврдат: Го дизајниравме најдобриот авион на светот

Американската авијација развила концепт на нов лесен борбен авион кој го носи прекарот "Мачета". Најголемата разлика во однос на претходниците и конкуренцијата е во материјалот од кој е направен, како и во тоа што ќе има пропелер. Американците амбициозно тврдат дека "Мачета" ќе биде најдобриот лесен борбен авион на светот.

Новиот авион би требало да го замени познатиот "A-10", или таканаречен "летечка машинка" и "хог", авион кој се прославил по акцијата "Пустинска бура". Меѓутоа, после тоа "A-10" станува ранлив благодарение на се подобрите ПВО системи кои ги развиле противниците, и истовремено многу скап и неисплатлив за операции.

Тоа е една од најголемите причини за развивањето на "Мачета", новиот, подобар наследник чиј концепт настанал во Минесота. Оклопот на авионот ќе се состои од нов материјал - "метална пена". Таа овозможува авионот да биде полесен и посилен, и воедно полесно да сопира куршуми.



Тоа што новиот авион ќе го разликува од конкуренцијата е тоа што ќе има голем пропелер. Ќе биде дизајниран како авион со еден мотор и едно седиште, а ќе го има истото оружје како и претходникот - "Gau-9" топ, пренесува Daily mail.

Производството на "Мачета" не почнало, целиот проект и натаму е во фаза на развој, но според тврдењето на службениците на Американските воздушни сили, до реализација ќе дојде брзо.


"Мачета е огромен проект. Одвај чекаме да почнеме со реализација", изјавил Крис Бескар, директор на компанијата "Ставати", која го дизајнирала авионот.

Метална пена - материјал на иднината

Професорката по механика и авиоинженерство од Универзитетот во Северна Каролина, Афсане Рабие, имала за цел производство на материјал кој е лесен како алуминиум, а посилен од челик. По долго истражување тоа успеало.


Развила материјал кој поради изгледот потсетува на сунѓер или пена.

Фасцинантен детаљ е дека оваа пена апсорбира седум до девет пати повеќе енергија од сличните материјали, кои се и по неколку пати потешки од неа.

No comments

Powered by Blogger.