Трамп и Ердоган: Шефот на Белата куќа ја поддржал Турција, промена на "тонот" меѓу двете држави

Претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Тајип Ердоган, разговарале за "заедничката посветеност и борбата против тероризмот во сите негови облици", соопштила Белата куќа.

Трамп во телефонскиот разговор минатата ноќ повторно ја истакнал поддршката на САД за Турција како "стратешки партнер и НАТО сојузник".
I told with President Erdogan on the phone. We are agree to work together. We have common problems and we will seek solutions! 

Американскиот претседател исто така ја поздравил улогата на Анкара во борбата против ИСИС, се додава во соопштението.
US President Trump stresses "close" relationship with Turkey in first phone call with President Erdogan http://cnn.it/2k1j6c2 
Односите на Вашингтон и Анкара биле затегнати во минатите месеци поради одбивањето на САД да го екстрадира муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, за кого Турција тврди дека го организирал неуспешниот пуч во јули минатата години.
Турција исто така е незадоволна поради американската поддршка за сириските Курди кои се борат против ИСИС, а кои Анкара ги смета за терористи и сојузници на забранетата Работничка партија на Курдистан.



Турција, како членка на НАТО која се граничи со Сирија, Ирак и Иран, е моќен играч во регионот, но односите на Ердоган со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, како и со Западна Европа, повремено биле затегнати.

Анкара е бесна поради тоа што Вашингтон одбива да го екстрадира турскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а кого Турција го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во таа земја во јули 2016.

No comments

Powered by Blogger.