Американскиот суд го одби Трамп, нема враќање на забраната за патување


Американскиот федерален апелационен суд го отфрли барањето на администрацијата на Трамп да ја врати забраната за патување, која во петокот беше блокирана од еден федерален судија.

Одлуката донесена доцна во ноќта значи дека забраната за патување ќе остане суспендирана до целосното сослушување за случајот.

Судот им даде на Белата куќа и на државите рок до понеделник да претстават повеќе аргументи.

Две држави тврдат дека забраната за патување што се однесува на луѓето од седум главно муслимански земји е неуставна.

Во својата жалба, Министерството за правда рече дека судијата Џемс Робарт претерал со „второто отфрлање“ на одлука на претседателот за прашање од националната безбедност.

Тоа, исто така, тврди дека само претседателот може да одлучи кој може да влезе или да остане во САД.

Во петочниот случај, Министерството за правда тврдеше дека државите немаат овластување да ги отфрлаат извршните наредби на претседателот.

Адвокатите на државите Вашингтон и Минесота тврдеа дека забраната е неуставна бидејќи на луѓе со валидни документи за влез им го негира правото да патуваат без соодветен процес.

Таа, исто така, ја нарушува слободата на правата на религија со тоа што се однесува само на муслимани, велат тие.

Трамп ја нарече одлуката на судијата Робарт „смешна“, а него го опиша како „таканаречен судија“ и вети дека ќе ја врати забраната.

Судијата Робарт е на федералната функција од 2004 година, откако беше номиниран од претседателот Џорџ Буш.

Во меѓувреме, Иран, една од земјите наведени во забраната, исто така, реагираше на пресудата на судијата Робарт, велејќи дека ќе му дозволи на американскиот боречки тим да се натпреварува на Светското првенство што се одржува во земјата кон крајот на овој месец. На борачите на САД првично не им беа дадени визи откако Иран соопшти дека ќе им забрани влез на Американците во знак на одмазда за одлуката на Трамп.

По пресудата во петокот, сопствениците на визи од погодените земји побрзаа да фатат авион за САД, стравувајќи дека оваа шанса има краток рок.

Стејт департментот ги одбива откажувањата на визи, а на вработените во Одделот за внатрешна безбедност на САД им е кажано да ја почитуваат пресудата, вели Би-би-си.

Царинските службеници, пак, им пренеле на авиокомпаниите дека може да продолжат да ги пуштаат патниците за кои важеше забраната. Катар ервејс, Ер Франс, Етихад ервејс, Луфтханза и други рекле дека ќе го сторат тоа.

Забраната предизвика забуна во САД и на странските аеродроми кога стапи во сила.


Според неа, во рок од 90 дена е забрането да им се издаваат визи на сите што доаѓаат од Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. Со наредбата, исто така, се суспендира Американската програма за прием на бегалци за 120 дена, а за сириските бегалци - на неопределено време.

Тоа предизвика протести во градови во САД и во целиот свет.

No comments

Powered by Blogger.