Го снимила безбедносната камера: Ова е моментот кога е убиен Ким Јонг Нам


Снимките од безбедносните камери наводно го прикажуваат моментот на убиството на полубратот на лидерот на Северна Кореја.
Пред неколку дена бил убиен братот на севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун, а сега се појавила и снимка од безбедносните камери.



На неа јасно се гледа што се случувало, како и моментот кога трагично загинатиот Ким Јонг Нам во огромни болки бара помош.



Сè се случувало на аеродромот во Куала Лумпур, а јасно се гледа дека тој со другите патници одел да се пријави за лет, додека неколку осомничени му се прикрадуваат.


Главната осомничена, Доан Ти Хуонг, е снимена како му приоѓа од зад грб и како го труе со нешто што потсетува на спреј или некој вид отровни стрели.


No comments

Powered by Blogger.