Инцидент во најсветото место на Исламот: Спречен е обид за палење на Ќаба

Иако засега се уште не е познато кој е мотивот на овој инцидент, познато е дека местата на кои што верниците ги извршуваат своите верски должности често се мета на напади на Исламската држава.
Саудиската полиција спречила напад на екстремист кој што се обидел да предизвика пожар на Ќаба, свето место на муслиманите во срцето на Мека. Мажот полеал бензин на црното платно кое што ја прекрива Ќаба, а очевидец открил дека полицијата веднаш го забележала тоа и го уапсила.

Засега нема официјални информации од саудиските власти, а западните медиуми пренесуваат дека инцидентот се случил во 23:11 часот по локално време. Исто така, се верува дека напаѓачот веројатно планирал да се запали и самиот себеси, а видео од целиот инцидент започна да кружи на интернет.


Иако засега не е познато дали човекот припаѓа на некоја терористичка група, односно не е познат неговиот мотив, познато е дека ваквите свети места се на мета на Исламската држава и останатите радикални исламисти во последните неколку години.

Досега многу верници го имаат загубено животот во слични терористички напади. Во мај 2016-та година, бомбаш самоубиец се разнесе во близина на една џамија, настрадаа четворица полицајци, а пет лица беа повредени.

No comments

Powered by Blogger.