Скромна девојка која работела во продавница: Која е убавицата која го освои срцето на Роналдо?


За разлика од неговите досегашни избранички кои едвај чекаа да се појават во јавност со славниот спортист, скромната Џорџина стана главна цел на медиумите дури откако папараците ја фотографираа со фудбалерот на Реал Мадрид.

Најпопуларниот фудбалер на светот Кристијано Роналдо (31), како што веројатно веќе знаете, беше именуван за најдобриот играч на ФИФА за минатата година.

На свеченоста по повод доделувањето на оваа награда, која беше организирана во Цирих, спортскиот ас се појави во друштво на својата нова девојка Џорџина Родригез (22), синот Кристијано Роналдо Помладиот (6), сестрите Лилијана и Елма Авеиро и мајката Марија Долорес.



Ѕвездата на најтрофејниот шпански фудбалски клуб Реал Мадрид, по прогласувањето и врачувањето на наградата, го бакна трофејот и одржа говор полн со емоции, по што на бината се качија и неговата девојка, синот и семејството, трпеливо позирајќи им на фотографите.

Роналдо за прв пат ја претстави својата нова избраничка токму на овој настан. Како што пишуваат странските медиуми, тие двајца се појавија во јавноста во средината на ноември минатата година, додека нивното познанство датира уште од манифестации кои ги организирала италијанската компанија Dolche&Gabbana неколку месеци претходно.


Заносната убавица со црна коса е една од ретките жени кои Роналдо ги претставил како своја девојка. Таа пораснала во мал град во североисточна Шпанија.

За разлика од досегашните избранички на неговото срце кои едвај чекаа да се појават во јавност со славниот спортист, скромната Џорџина стана главна цел на медиумите дури откако папараците ја фотографираа со фудбалерот во Дизниленд во Франција, каде што се шетале и страсно се бакнувале.


Пред неколку дена Роналдо ја одвел Џорџина на романтична вечера во ресторан во Мадрид каде што го прославиле нејзиниот 22-ри роденден.

Пред врската со Роналдо, оваа млада девојка работела во продавница на Гучи во Мадрид, а сега е презафатена со бодрење на нејзиниот партнер на натпреварите, каде што често друштво ѝ прави неговиот син.


Неодамна се појави информација дека нивната врска е толку сериозна, што фудбалската ѕвезда наскоро планира брак со 10 години помладата девојка.

No comments

Powered by Blogger.