Се сеќавате на изгладнетото момче пред умирање кое го нарекуваа „вештер“? Ања го спасила, а еве како изгледа денес

Ова кутро момче слабо и прегладнето, повеќе од осум месеци талкало по улиците. Активистката од Данска, Ања Рингрен, пред една година го спасила двегодишното момче од Нигерија кое семејството го напуштило бидејќи мислеле дека е „вештер“. Едноставно го оставиле кутрото момче да умре.



Слабо и гладно, детето повеќе од осум месеци талкало по улиците. Ања објави шокантна фотографија на која се гледа изгладнетото дете кое било на раб на смртта. Таа успеала да ги убеди локалните жители да ѝ дозволат да го земе момчето во домот во Нигерија кој го води со својот партнер.

После два месеци на детето му било многу подобро, а судејќи по фотографиите кои ги објави Ловен една година подоцна, момчето сосема закрепнало. На момчето му го дала името Хоуп (надеж).
„Хоуп сега ужива во животот. Има 35 браќа и сестри кои се грижат за него, учат со него, си играат заедно и прават сè за да се чувствува безбедно“, напиша Ловен на Фејсбук профилот откако го спасила момчето.

Инаку, Ања со својот партнер води дом за деца во кој ги сместува младите луѓе кои се обвинети за вештерство.

„Најлошо е кога ќе те отфрли сопственото семејство. Никој не може да си замисли какво е тоа чувство“, вели Ања.

No comments

Powered by Blogger.