Мистериозно суштество како од друг свет: Морско чудовиште пронајдено на филипинска плажа




Шокираните жители на Агусан дел Нортеа на Филипините, на плажа пронашле тела од две бизарни морски суштества кои ги исфрлила плимата.

Пет метри долгото тело покриено со долги бели влакна изгледа како да излегло од "Војна на ѕвездите", но всушност го исфрлило морето од своите длабочини.




И додека своевиден страв го обземал локалното население, научниците велат дека можеби имаат решение. Службениците пренесуваат дека "тоа веројатно се тела на морски крави, барем судејќи по кожата пронајдена во близина на брегот", пишува Science Alert.



Други велат дека станува збор за риби од семејството "Regalecidae", кои живеат на длабочина од 1.000 метри. Оваа риба се појавила неколку пати во последните седмици на брегот на Филипините, пишува National Geographic.



Тоа е последица од промената на длабочината на океаните кои ваквите суштества ги носат на површината, каде не се во состојба да опстанат.





No comments

Powered by Blogger.