Вознемирувачка содржина: Горат и небото и земјата: Украинската војска лансира ракети во Доњецк и Свјетлодарск

Украинската војска, вчера со балистички ракети ја нападнала "Точката - У" во Доњецк, центарот на самопрогласената Доњецка Народна Република на истокот на Украина, а со артилерија жестоко го гранатирала и Свјетлодарск.

Артилерискиот напад на Свјетлодарск на истокот на Украина започнал во вечерните часови. Силите на самопрогласената Доњецка Народна Република одговориле на нападот, а не било соопштено дали имало жртви меѓу цивилното население и колку.

Доњецк минал полошо - украинските сили со балистички ракети ја нападнале "Точката - У". Тоа е мобилен ракетен систем кој се користи за прецизни напади на важни положби, а експлозивното полнење може да биде заменето со нуклеарна, биолошка или хемиска боева глава.


Амбасадорот на Русија во ОН, Виталиј Чуркин, денес предупредил дека Киев не го интересира нормализација на ситуацијата во Донбас, туку сака да го реши конфликтот преку воен пат.

И претседателот на Русија, Владимир Путин, изјавил вчера дека украинските сили го напаѓаат Донбас бидејќи на Киев му е потребна инфузија на пари од ЕУ, па се обидува да се прикаже како жртва.

No comments

Powered by Blogger.