Британците се уплашија од новиот руски авион: Тој е побрз од сите авиони на Западот


Британски "Daily Mail" го спореди новиот руски авион од типот Су-35С со "Eurofighter Typhoon" кој се произведува во Германија, Велика Британија и Италија, како и со француски "Rafale".

Како што пишува споменатиот медиум, рускиот модел е подобар во однос на авионите на Западот кога станува збор за брзината и уште неколку карактеристики.

Авионот Су-35С припаѓа на „4++ генерацијата“ на руското воено воздухопловство. Тоа значи дека ги исполнува повеќето услови за 5-та генерација на најнапредни авиони, со исклучок на технологијата за летање при слаба видливост и активната фазна антенска решетка (АФАР).

Овој руски авион е опремен со посебни ракети на наведување, бомби и „артилериски“ оган, а може да лета во сите временски услови.


No comments

Powered by Blogger.