Децата на Анџелина Џоли пораснаа! Погледнете ги како изгледаат сега во Камбоџа на премиерата на нејзиниот нов филм



Речиси пет месеци откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, актерката е повторно во центарот на вниманието.

Во саботата Анџелина присуствуваше на светската премиера на својот нов филм "First They Killed My Father" во Камбоџа, со нејзините шест деца: Медокс 15, Пакс 13, Захара 11, Шилох 10, и близначињата Нокс и Вивиен 8.



Облечена во свилен црн фустан, Анџелина се појавила во добро расположение замавнувајќи им на присутните. И Медокс и Пакс двајцата биле вклучени во продукцијата на филмот, но ова бил особено голем ден за Медокс кој инаку е роден во Камбоџа (Анџелина го посвои во 2002-та година). За време на премиерата, Анџелина зборувала за нејзината длабока поврзаност со земјата велејќи "Без Камбоџа јас можеби никогаш немаше да станам мајка. Дел од моето срце е, и секогаш ќе биде во оваа земја. А дел од оваа земја е секогаш со мене: Мадокс."











No comments

Powered by Blogger.