Катастрофа во Франција: Експлозија на нуклеарна електрана, петмина повредени


Експлозијата се случила во нуклеарната електрана во Фламанвил, на северозападот на Франција, јавуваат локалните медиуми и додаваат дека има повредени.
Локалните медиуми јавуваат дека не постои опасност од протекување на радиоактивен материјал.




Експлозијата се случила во 10 часот по локално време. Екипи на Итната помош веднаш заминале на местото на несреќата.




Експлозијата се случила во "срцето" на нуклеарната електрана, но надвор од нуклеарната зона. Причината за инцидентот сè уште не е позната.




Според извештаите на медиумите, најмалку седум луѓе биле во непосредна близина на експлозијата, но никој не бил посериозно повреден. Пет лица биле згрижени поради вдишување на испарувањето.



Нуклеарната електрана Фламанвил има два реактора од 80-тите години на минатиот век, а неодамна бил изграден и трет реактор. Против неговата изградба, која чини повеќе од 10 милијарди долари, минатата година протестирале неколку стотици луѓе.



Службениците на компанијата засега не го коментирале инцидентот.



Нуклеарната централа Фламанвил се наоѓа на неколку стотини километри од британската граница, во близина на Ла Манш.



Посебниот план за интервенција не бил активиран, бидејќи не постои нуклеарна опасност, соопштиле општинските власти.

No comments

Powered by Blogger.