Џихадистите во бунило: Вака креваат во воздух руските бомбардери

Руските бомбадери со голем домет од типот Ту-22М3, бомбардираа објекти на џихадистите во областа на градот Мајадин во Деир Ез Зор.

Како што соопштија од прес-службата на руското Министерство за одбрана, руските бомбардери успешно уништиле големи складишта со оружје и муниција на Исламската држава.

Бомбардерите од Русија полетале во петокот и прелетале над териториите на Иран и Ирак, по што пристигнале до конечната дестинација и успешно ги кренале во воздух објектите на џихадистите.


Бомбардерите со голем домет полетале од руска територија, а истите биле заштитувани од ловците од типот Су-30СМ и Су-35С кои што пак полетале од руската воена база во сирија Хмјемим. После исполнувањето на борбената задача, бомбардерите се вратиле во Русија, а ловците слетале назад во сириската база.

Од 14-ти јануари џихадистите на Исламската држава водат големи борби во Деир Ез Зор и се водат жестоки битки посебно за воздушна база на сириската армија. Поради бројноста на џихадистите, Русите беа приморани да им помогнат на сириските војници кои се во дефанзива, па од 21-ви јануари се активираше руското воено воздухопловство.

No comments

Powered by Blogger.