Кучето чии сопственици го напуштија оставајќи го на бензинска станица се вработи


Запознајте го кучето Негао, најслаткиот работник на бензинска пумпа на целата планета! Кученцето било напуштено на бензинска пумпа од неговите претходни сопственици. Сабрина Планерер и нејзиниот партнер купиле "Shell" бензинска пумпа во изградба во мало гратче во Бразил и кога го забележале кучето скитник направиле нешто неверојатно.

"Веднаш го посвоивме и тоа ја доби грижата која им е потребна на сите животни", изјави Сабрина. "Му купивме храна, куќарка и поводник за да го носиме на прошетки."



Но тие не запреле тука, туку отишле чекор понатаму - го направиле Негао "работник" за Shell и дури му дале на работникот и картичка за идентификација за да биде се регуларно. На ова кученце испаднало дека му лежи работата и се покажало како одличен работник судејќи според задоволните клиенти.


"Негао чека да дојдат луѓе, а потоа оди да им каже Здраво мафтајќи со опавчето и освојувајќи ги со неговиот шарм", вели Сабрина и додава "Нашите клиенти го обожуваат. Некои од нив дури му носат и играчки."


Жената вели дека се надева дека овој позитивен пример ќе поттикне и други претпријатија да го прифатат нивниот начин на работа.


No comments

Powered by Blogger.