Ова се мобилните апликации со кои што ИСИС ги едуцира идните џихадисти


Познато е дека џихадистите во рамките на својата програма за „производство“ на млади џихадисти започнале да градат училишта и да печатат книги, а сега системот на образование доби една модерна димензија - апликација за паметни телефони.
Исламсакта држава има воспоставено образовен систем за млади чија што цел не е едукација за сите да станат врвни експерти во некоја област, туку сите да прераснат во новата генерација на џихадисти.

Сепак, освен „стандардните џихадистички теми“, децата на Исламската држава се занимаваат и со некои основни работи како што е граматиката, математиката и учат странски јазици.

Познато е дека џихадистите во рамките на својата програма за идните генерации, покрај специјални кампови за обука, градеа училишта и печатеа книги, а сега образовниот систем на Исламската држава доби една модерна димензија - апликација за паметни телефони со кои што децата ќе го надоградат своето знаење.

Секако, тоа не се обични апликации, туку многу внимателно подготвени пропагандни инструменти со чија што помош, екстремистичката идеологија им се всадува на децата од најрана возраст, за подоцна сето тоа да се вклопи во општата стратегија на организацијата.

На пример, децата започнуваат да ги учат буквите со помош на термини како што се тенк, пушка, џихад и слично. Така буквата „Б“ означува "bunduqiyya" (пушка), буквата „С“ означува "sayf" (меч), а буквата „Д“ означува "Dababa" (тенк).


Покрај тоа, има апликација и за математика, каде што децата собираат, одземаат, множат и делат тенкови, пушки и пиштоли, а постои и апликација за изучување на основите на Англискиот јазик.



Исламската држава очигледно сфати нешто што бројните антитерористички стратези не го сфатија - дека клучот е во малите деца, односно во генерациите кои што доаѓаат. Иако експертите сметаат дека се уште е рано за проценка на ефектите на просветниот систем на Исламската држава, се надеваме дека во иднина нема да го дознаеме тоа.

No comments

Powered by Blogger.