Џихадисти врбуваат деца мигранти во Европа: Се радикализираат деца без родителски надзор

Терористички групи како што е Исламската држава регрутираат деца бегалци кои се запоставени од родителите, плаќајќи им да стигнат до Европа.

Извештајот на фондацијата “Квилијам”, која се бори против екстремизам, предупредува дека стотина деца под 18 години се исчезнати во Велика Британија откако започнале масовните миграции.


Пристигнувањето на млади во Европа и Велика Британија се финансира од страна на терористички групи, кои им даваат пари на шверцерите со цел да поминат преку границите додека ги радикализираат во одредени моменти во тој процес.

Терористите исто така активно регрутираат во бегалските кампови, им даваат храна на деца и ги поткупуваат плаќајќи им го патот до Европа. "Децата и младите луѓе кои се индоктринирани и регрутирани од ИСИС, за нив претставуваат важен ресурс", пишува во извештајот.



Кога ќе пристигнат во земјите од Европа, многу деца исчезнуваат од системите за заштита. Преку заплашување дека ќе им биде одбиено барањето за азил, или преку киднапирање, завршуваат кај трговците со луѓе или се сексуално експлоатирани, се наведува во извештајот.

Извештајот на фондацијата вели дека екстремистите можат да се обидат да се инфилтрираат меѓу бегалските групи и ги радикализираат младите умови во било која фаза од патувањето. Броевите од 2015. година покажале дека 340 деца се исчезнати во периодот и јануари до септември, а дека 132 исчезнале при крајот на годината.

No comments

Powered by Blogger.