Масакр во Украина: Ситуацијата ескалираше, на повидок е хуманитарна катастрофа


Кризата во Донбас се заостри после телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Путин. Порошенко веќе не знае на која страна да се сврти, со Путин не сака да соработува, а од новиот американски претседател нема поддршка.

Ситуацијата на југоистокот на Украина во последните неколку дена значително се влоши. Кремљ го обвини Киев за прекршување на примирјето, додека првите луѓе на самопрогласената република Донбас соопштија дека украинските сили во последните 24 часа ги гранатирале нивните позиции дури 2,500 пати.

Од министерството за одбрана на таканаречената Доњецка Народна Република, велат дека пресретнале преписка помеѓу украинскиот Генералштаб и војската на теренот во која што е наведено дека во нападите на руските сепаратисти во последните два дена загинале 80 украински војници, а над 70 се ранети.
Истовремено, во неделата пристигна вест дека околу десет војници на украинската војска настрадале после обидот да ги пробијат редовите на руските бунтовници, но упаднале на миниран дел од таа територија.

Портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков се огласи во врска со новонастанатата ситуација во Украина и порача дека нападот го извеле најверојатно паравоени формации на националисти, но не мисли дека Киев ги контролира тие одреди. Меѓутоа, како што изјави, во оваа ситуација тие сепак добиле поддршка од украинската артилерија, што говорело дека зад ова стоела некоја „скриена цел“.

Покрај тоа, Песков наведе дека оваа акција укажува на неподготвеноста на претседателот на Украина, Петро Порошенко да го спроведе минскиот договор.

Иако според многумина, сите случувања во Донбас во најголема мера зависат од политиката на Порошенко, очигледно било дека украинскиот претседател одиграл на лоша карта затоа што сметал дека Хилари Клинтон ќе победи на претседателските избори во САД. Поради тоа, Порошенко сега ќе мора да се обиде да создаде нови односи со администрацијата на Трамп.

Според аналитичарите, извесно е дека ситуацијата во Украина ќе остане таква каква што е уште долго време, а за решавање на кризата покрај САД и Русија, ќе треба да се вклучат и останатите европски лидери за Украина конечно да излезе од кризата во која што се наоѓа.

Меѓутоа, гранатирањето продолжило деновиве, а Роман Манјекин, политиколог од Доњецк, за руски „Спутник“ изјави дека главните мети се токму комуналните служби во Доњецк и предупреди дека е на повидок хуманитарна катастрофа. Имено, огромен број нажители од таа област останале без вода за пиење, греење и електрична енергија.




No comments

Powered by Blogger.