Новото седиште на Apple: Професионалност или болен перфекционизам?


Дизајнерите на новото седиште на компанијата Apple посветиле неверојатно внимание на секој можен детал во зградата, пишува Рeuters.

Изградбата на Apple Campus 2 во Калифорнија започна во 2011 година, а истата требаше свечено да биде отворена во 2015 година. Меѓутоа, церемонијата постојано се одложува.

Причина за тоа се неверојатно високите стандарди кои Apple ги поставува, кога станува збор за деталите. Тие бараат совршено уреден распоред на електричните жици и сокривање на сите цевки, велат од Newser.



Компанијата строго забранила одраз на цевките и вентилационите отвори, издала упатство за употреба на дрвените материјали од 30 страни и истакнала дека таванот мора да изгледа беспрекорно, дури и на деловите кои не се видливи со голо око.

Оваа гигантска корпорација потрошила 18 месеци, утврдувајќи кој облик на брава е најсовршен за ентериерот, а претставникот на противпожарниот оддел наведува дека биле одржани 15 состаноци само во врска со противпожарните ознаки (Apple сакале дизајнот на знаци да биде во склад со нивното сопствено лого).


Еден од архитектите кој учествувал во проектот вели дека Apple сака да остане доследен на своите дизајнерски принципи, дури и по цена на високите трошоци за нивно реализирање.

No comments

Powered by Blogger.