Ви се верува ли?: Има 70 години, и изгледа одлично


Славната баба е позната по прекарот "Суперстар".

Аја Пекан изгледа многу помладо отколку што е, и навистина е тешко да се поверува дека славната турска поп-пејачка има 70 години. Пејачката кариера ја започнала во раните 60-ти години, и од тогаш нижи поп хитови во Турција, каде го добила прекарот "Суперстар".



Досега објавила повеќе од 20 албуми и è една од најуспешните музичарки во Турција, со повеќе од 30 милиони продадени копии.





Иако е позната по музичката кариера, Аја својата кариера ја започнала како актерка која се појавила во околу 50 филмови. Во 1962-та година со помош на својата сестра Семирамис почнала да пее во еден популарен ноќен клуб. Следната година, Пекан победила на едно пејачко натпреварување, чиј спонзор бил турското музичко списание "Ses", и тоа бил нејзиниот влез во професионалната музичка кариера. Песната "Her Yerde Kar Var", која ја потпишува Салватор Адамо, ѝ донела голем успех, а песната "Iki Yabanci" станала најпродавана песна во 1967-та година.





На почетокот на 70-тите се преселила во Франција каде исто така станала ѕвезда. Албумот "Superstar" го снимила во 1977-та година, а две години подоцна дошол уште еден албум со истото име. Токму поради огромниот успех на тие албуми го добила прекарот. Турција ја претставила на Евросонг во 1980-тата година во Холандија, со љубовната песна "Pet'r Oil", која подоцна ја снимила на 9 различни јазици.



Потоа одлучила да направи пауза и да се пресели во Америка. Подоцна ги снимила и албумите "Superstar 3" и "Superstar 4", но тие немале успех како останатите. Сепак, Аја и натаму е голема ѕвезда!

No comments

Powered by Blogger.