Никогаш не се чувствував осамено: Исчезнал пред 5 години, го пронашле како лута на друг континент




Антон Пилипа исчезнал без трага во 2012-тата година од предградието на Торонто, за пред неколку дена да го пронајдат на друг континент.

Овој човек кој денес има 39 години, бил во тешка психичка и физичка состојба кога полицијата го пронашла како бесцелно лута на еден автопат во Бразил.



Кај себе немал никакви документи, но успеал на англиски јазик да каже дека е од Канада.



Неговиот брат Стефан смета дека Антон најверојатно одел и стопирал автомобили низ САД, а потоа и низ Јужна Америка.


"Знам дека сум среќен што сум жив и што најдов некој кој ме сослуша", рекол Антон за BBC Brazil.

Иако ни самиот не знае како минал толку долг пат, неговато семејство е среќно, со оглед на тоа што Антон бил лечен од шизофренија.


Запрашан како преживеал пет години без пари на патувањето, тој рекол: "Никогаш не се чувствував осамено. Лесно е да преживееш. Не ни се потребни многу работи".

No comments

Powered by Blogger.