Додека Американците војуваат со Трамп, Обама ужива на Карибите

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, првите денови по заминувањето од Белата куќа одлучиле да ги поминат на одмор во Калифорнија, но и на Карибите.

Семејството Обама прво неколку дена престојувало во Палм Спрингс во Калифорнија каде што поранешниот претседател играл голф, а потоа се упатиле на британските Девствени Острови каде што поминале повеќе од една недела.



На Карибите биле на приватниот остров Москито на милијардерот Ричард Бренсон, каде што поранешниот претседател уживал во екстремни спортови како сурфање со змеј.



Осигурувањето на Обама му забранило сурфање за време на неговиот осумгодишен мандат во Белата куќа.

По одморот, семејството Обама се вратило во Вашингтон каде што ќе останат да живеат додека нивната ќерка Саша не заврши средно училиште.

2 comments:

Powered by Blogger.