Погледнете го хотелот со 5 ѕвезди кој што го користиеле џихадистите: Луксузна оаза во Мосул!


Во овој хотел во ирачки Мосул, престојувала „елитата“ на џихадистите заедно со странските борци, бомбашите самоубијци и останатите „највредни“ членови на Исламската држава.

Елитата на Исламската држава превзела хотел со 5 ѕвезди во Мосул, ги истерала богатите станари и собите ги населиле бомбашите самоубијци. Во хотелот „Ниневах Оберои“ престојувала елитата на Исламската држава и затоа бил преименуван во „Варитхин“, односно „Наследници“.


Овој луксузен хотел неодамна го зазела ирачката армија и бил доста стратешки важен објект затоа што од највисоките катови одлично се гледал целиот град. Сепак, и сега хотелот е во домет на џихадистите кои што се позиционирани од другата страна на реката Тигар.

Хотелот бил изграден во 1980-та година во времето на Садам Хусеин, а во него престојувале високи странски и домашни функционери, како и највисоките генерали од ирачката армија.

No comments

Powered by Blogger.